X
 31.07.2019 Живот

Тинејџерката Грета Тунберг ќе патува со еколошка тркачка јахта на самитот за климатските промени

Што ако сакате да стигнете до Њујорк, но се чувствувате виновни за емисиите на јаглерод што ги испуштаат авиони?

Одговорот на Грета Тунберг, 17-годишната шведска активистка за климатските промени, е соработка со кралското семејство на Монако и пловење од Велика Британија преку Атлантикот наредниот месец, во безјаглеродна тркачка јахта.

- Добри вести! Ќе се приклучам на самитот на ОН за климатска акција во Њујорк, „СОР25“ во Сантијаго и други настани. Понуден ми е превоз со брза тркачка јахта. Во средината на август ќе пловиме низ Атлантскиот Океан, од Велика Британија до Њујорк - објави Грета на нејзиниот твитер-профил.

Јахтата е опремена со соларни панели и подводни турбини за генерирање безјаглеродна електрична енергија.

Тинејџерката планира да направи едногодишна пауза од училиште за да продолжи да ја подигнува свеста за климатските промени и да ги притиска светските лидери да ги засилат напорите за спречување на глобалното затоплување. Освен присуството на самитот за климатски активности на ОН, Тунберг планира да учествува и на неколку климатски протести во Њујорк.

Грета изјави дека не знае како нејзината порака ќе биде примена во САД, каде претседателот Доналд Трамп ја повлече земјата од Парискиот договор. Таа не ја исклучи средбата со Трамп, но изјави дека таквата средба би било само губење време.

- Како што изгледа сега, не ми се верува, бидејќи немам што да му кажам. Очигледно не ја слуша науката и научниците. Тогаш зошто јас, дете без соодветно образование, би можела да го убедам? - изјави таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот