X
 31.07.2022 Живот

Зошто во некои автобуси седиштата се шарени?

Веројатно сте забележале дека многу автобуси имаат шарени седишта. Тоа не е случајно.

Ако во вашиот дом имате прекривачи на каучот или на трпезариските столови, тогаш сигурно знаете дека ако ги чукнете, ќе се појави облак од прашина. Целата таа прашина доаѓа од само неколку луѓе што секојдневно го користат каучот.

Од друга страна, стотици патници секојдневно седат на автобуските седишта, па можеме да замислиме колку прашина би излегла од тие навлаки. Со цел да се минимизира и олесни процесот на чистење на автобусот, донесено е ефикасно решение.

Иако се естетски непривлечни и необични, препознатливите шари на седиштата во автобусите се дизајнирани за да изгледаат чисто и неистрошено. Тајната лежи во видот на материјалот што се користи за нив.

Специјална ткаенина

На прв поглед се чини дека не се размислува многу за изборот на текстил за тапацир во јавниот превоз. Но, не е така.

Тапацирот за јавниот превоз мора да биде мултифункционален. Иако естетиката не ѝ е силна страна, оваа ткаенина има многу предности. На пример, спречува ширење на пожар. Ткаенината е дизајнирана на тој начин што им овозможува на патниците релативно лесно да патуваат со оглед на температурата на воздухот.

Истовремено, материјалот треба да биде доволно издржлив за да изгледа максимално зачуван што е можно подолго, без оглед на тоа колку и како се користи.

Иако во минатото се користеле материјали како дрво и вештачка кожа, со текот на времето стана јасно дека таквите решенија не се одржливи, ниту удобни. Така, возовите за кратки релации, метроата и подземните железници и понатаму имаат седишта направени од тврд поликарбонат, па дури и од не'рѓосувачки челик за изработка на седиштата.

sediste
Фото: Freepik

Мокет - тајна на одржливоста и удобноста

Мокет, или тепих на француски, е материјал што прв го избрал лондонскиот транспортен систем. Станува збор за мешавина од полиестер и најлон, а начинот на кој се ткаени конците на овој материјал му дава кадифена структура. Исто така, во споредба со традиционалните ткаенини, тепихот има доста предности:

- Евтин е за производство и исклучително издржлив, па е најекономичниот избор на ткаенина за употреба во јавниот транспорт.

- Кадифеното ткаење обезбедува нечистотијата или прашината да се акумулира длабоко во ткаенината, без видливи дамки.

- Во споредба со кожата, мокетот е материјал кој дише. Ова во голема мера ја намалува непријатноста на места каде што кожата доаѓа во директен контакт со ткаенината.

- Ткаенината е специфична по својата интеракција со оган и вода. Отпорна е на оган, што помага во безбедноста од пожари. Притоа, во допир со вода не останува долго натопена бидејќи водата останува на најоддалечената површина на влакната и се шири на поголема површина која побрзо се суши.

Некои од насоките за дизајн на седишта за автобус:

- Дизајнот не треба да содржи големи дамки од една боја.

- Треба да се користат подлабоки нијанси како сина, жолта и костенлива.

- Монотонијата треба да се разбие со користење на различни форми и дезени.

- Моделот избран за една квадратна единица треба да се повтори низ целата серија на таа ткаенина.

Кога станува збор за јавниот превоз, приоритет е долготрајната одржливост и минималното одржување пред естетската привлечност, поради што никогаш нема да видиме импресивен изглед на јавниот превоз и затоа најчесто се користат шарени седишта.

Начинот на кој се создаваат шаблони на седиштата за јавен превоз е сличен на начинот на кој се создаваат маскирни материјали за воена употреба, кои се генерираат со помош на сложени алгоритми и им помагаат на војниците да се вклопат во нивната околина.

Извор: ddl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот