Репутацијата на францускиот претседател Емануел Макрон како водечки активист за климатските промени доживеа удар со ненадејната оставка на неговиот министер за животна средина.
Никола Ило, еколог и поранешен новинар, неочекувано го најави своето заминување во текот на интервју за радиото „Франс Интер“. Како причини за отказот ги наведува постојаните разочарувања за она што тој го смета за лабав пристап на француската влада кон справувањето со климатските промени, како и нејзината зависност од нуклеарна енергија.
- Повеќе не сакам да се лажам себеси. Не сакам да правам илузија дека моето присуство во владата е важно и дека ние се обидуваме да ги решиме сите проблеми соодветно. Затоа одлучив да ја напуштам владата - рече Никола.
Францускиот претседател се смета за главен бранител на Парискиот договор за климатските промени, како и еден од малкуте светски лидери што можат да му се спротивстават на претседателот Трамп по ова прашање.
Откако во јуни 2017 година Трамп најави повлекување од Парискиот договор, Макрон вети дека ќе направи сѐ за да ѝ помогне на планетата Земја.
Но Никола Ило изјави дека нема доволно акции за овие грандиозни тврдења.
- Дали почнавме да го намалуваме користењето на пестициди? Одговорот е не. Дали почнавме да ги намалуваме емисиите на стакленички гасови? Одговорот е не. Дали ја запревме ерозијата на биолошката разновидност?
Оставката на
Хулот беше особено впечатлива бидејќи ја изненади владата на Макрон.