X
 31.08.2020 Образование

Царовска го презеде МОН: „Да ја започнеме учебната година, но и образование за гордост ни е приоритет“

Новата министерка за образование и наука Мила Царовска денеска ја презеде должноста од досегашниот министер Арбер Адеми. На примопредавањето Царовска и Адеми разговараа за тековните процеси во МОН, како и за идните планови и предизвици.

- Исто така, се осврнаа на заемната и искрена соработка во изминатиот период, особено во делот на создавање инклузивно образование, на јакнењето на средните стручни училишта и пилотирањето на дуалното образование - информираат од МОН.

Царовска и Адеми на примопредавањето на функцијата министер за образование и наука

Царовска на средбата истакна дека нејзиниот врвен приоритет што истовремено е приоритет и на новата Влада е започнување на учебната година 2020/2021 во услови кога земјата се соочува со пандемија на Ковид-19 од светски размери. Таа истакна дека ставот на новата Влада е да ја започнеме учебната година на 1 октомври со комбиниран модел на настава. За таа цел веќе се подготвени и усвоени протоколи за учење со физичко присуство, а во тек е и изработка на единствена национална платформа за учење на далечина.

Новата министерка за образование и наука истакнува дека е свесна дека секој наставник, ученик, родител има свои желби и размислувања за тоа како треба да изгледа наставата, но треба да се најде балансот помеѓу заштитата на јавното здравје и учењето. Царовска рече дека со заеднички заложби е сигурна дека успешно ќе ја завршиме оваа училишна година.

Мила Царовска

На работната средба со Адеми, Царовска ги најави нејзините приоритети и цели за четиригодишниот мандат. Меѓу врвните цели се суштински реформи во основното образование, јакнење на средните стручни училишта, подобрување на оценките на меѓународните тестирања кои ќе станат наша национална гордост и враќање на достоинството на просветните работници и нивна лична мотивација.

Царовска на функцијата министерка за образование и наука доаѓа од позицијата вицепремиерка за економски прашања, која ја извршуваше од почетокот на годината. Претходно беше министерка за труд и социјална политика и во период од нецели три години успеа да направи целосна трансформација на системот за социјална и детска заштита, но и да ги смести сите деца од институции во мали групни домови.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование