31.10.2024
Живот
МОН подготви нов предлог-закон за учебници, јавноста може да дава сугестии
Министерството за образование и наука информира дека е изготвен нов предлог-закон за учебници во основното и средното образование, кој од денеска е поставен на владиниот ЕНЕР систем (Електронски национален регистер на прописи) и сите заинтересирани граѓани можат да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрата верзија што ќе биде проследена во собраниска процедура.
Во предлог-законот се интегрирани сугестиите на издавачките куќи во Македонија со чии претставници раководството на МОН и Педагошката служба имаа конструктивна работна средба.
Новиот закон треба да обезбеди изработка на учебници со поквалитетна содржина, намалување на веројатноста за појава на грешки, какви што беа нотирани до неодамна, и да ја поедностави постапката за набавка, со цел навремена испорака до училиштата.
Актуелното законско решение е во сила од 2008 година.