X
 31.08.2020 Економија

Заев најавува задолжително пензионирање на 64 години

Според податоците што ги добил од Министерството за информатичко општество и администрација, во моментов има околу 10.300 лица кои се на возраст над 64 години, а сè уште се во работен однос

Од наредниот месец треба да почне процесот за донесување нов закон за пензионирање согласно кој во пензија ќе мора задолжително да одат сите лица со навршени 64 години. Исклучок од ова се здравствените работници – лекари и медицински персонал, како и кадри од областа на високото образование. Како што најави денеска премиерот Зоран Заев, законот треба да почне да се применува од јануари наредната година.

Според податоците што ги добил од Министерството за информатичко општество и администрација, во моментов има околу 10.300 лица кои се на возраст над 64 години, а сè уште се во работен однос.

 - Вака ќе отвориме простор за младите и перспективни кадри кои ќе може да одат напред. Законот е замислен да биде задолжително пензионирањето на 64 години, односно 62 години за жените флексибилно, освен за вработените во здравство - лекари и медицински персонал и за високото образование. Секако, ова ќе помине во консултации со синдикатите и коморите, да видиме што правиме со одредени  дефицитарни струки за да не се создаде недостиг на кадри – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по средбата со стопанските комори.

Фото: Влада

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија