X
 16.05.2024 Живот

Во Грција стапи во сила нов закон - на овие автомобили не им е дозволен влез во земјата

Доколку летово планирате да патувате во Грција, треба да обрнете внимание на новиот закон кој се однесува на возилата на кои им е дозволен влез во земјата.

Како што објави специјализираната веб-страниca Nikana.gr, стапи во сила нов закон.

Новиот закон се однесува на електрични и хибридни возила, како и возила што користат други алтернативни горива како течен или природен гас.

Од безбедносни причини, батериите на електричните и хибридните возила не смеат да се полнат повеќе од 40 отсто од вкупниот капацитет.

Задолжителна е и контролата на температурата, а забрането е полнење на батериите на брод или траект.

Исто така, за автомобилите што користат течен или природен гас, законот налага резервоарите да не се полнат повеќе од 50 отсто од вкупниот капацитет.

Причината за овие мерки, се наведува, е што пожарите на контејнерските бродови и траектите се гаснат со јаглерод диоксид, но овој метод не функционира за електричните автомобили.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот