X
 31.08.2021 Спорт

Југословенски планинари биле првите што се искачиле на Монт Еверест од потешката страна

Југословенската експедиција на Монт Еверест (ЈАХЕ VII) била организирана пролетта 1979 година, а членовите на тимот стигнале до крајот на западниот гребен по пат по кој никој дотогаш не поминал. Многу тимови се обиделе да го освојат Монт Еверест на овој начин, но тоа станало проблем по повеќе несреќи.

Југословенската експедиција имала цел да се качи на највисокиот врв на светот, но да го стори тоа преку нова патека на подолгиот и технички потежок западен гребен. Во експедицијата учествувале 24 планинари, двајца лекари, тројца новинари и 20 шерпаси, кои ги водат планинарите што се искачуваат на Хималаите.


Фото: YouTube/Screenshot

Водич на експедицијата бил Тоне Шкарја, лекари биле Евген Вавкен и Игор Текавчиќ, а меѓу планинарите имало 20 Словенци, двајца Хрвати и двајца жители на Босна и Херцеговина. Експедицијата започнала во 1979 година, но пет члена заминале една година порано за да го постават базниот логор на височина од 5.300 метри. Опремата била пренесена со камиони од Љубљана до Риека, а потоа со брод два месеца патувала до дестинацијата.


Фото: YouTube/Screenshot

Планинарите почнале да се искачуваат на 27 февруари 1979 г. За време на искачувањето тие подигнале повеќе кампови на различни висини, а петтиот бил подигнат на висина од 8.120 метри при невреме со ветрови со брзина од 150 километри на час, а кое траело 5 дена.

По 40 макотрпни дена на планина, на 13 мај, на температура од -35 степени, Словенците Андреј Штремфељ и Јернеј Заплотник се искачиле на Монт Еверест во 13:51 часот. Неколку дена подоцна врвот го освоиле и Хрватот Стипе Божиќ, Словенецот Стане Белак, како и шерпасот Анд Пу, кој станал првиот човек што се качил на Монт Еверест од две различни страни. Пу загинал следниот ден откако се лизнал во бездна.


Загинувањето на пријателот ги погодило членовите на експедицијата, па го напуштиле логорот на 21 мај. Се вратиле во Југославија на 26 мај, а експедицијата ги ставила дотогаш малку познатите планинари на листата на светски алпинисти.

Извор: Klix
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт