X
 08.03.2023 Живот

Средношколци фармацевти изработија спрејови за кожа, ќе им ги подарат на жени вработени во училиштето и на сограѓанки

Средношколци, идни фармацевти, изработија спрејови за кожа и ќе им ги подарат на жени вработени во училиштето и на сограѓанки. Се работи за ученици од I-6 клас, фармацевтски техничари, од Средното кавадаречко училиште „Ѓорче Петров“.

- По повод празникот на жената, 8 Март, тие заедно со својот професор и ментор Блаже Ѓорчев изработија нов производ од фармацевтската лабораторија на училиштето. Овој пат се работи за маслен спреј од евкалиптус и портокал за нежна и сјајна кожа, што ќе им биде подарен на сите професорки и жени вработени како помошен персонал. Преостанатите количини ќе им бидат подарени на претставнички од женскиот пол во градот - информираа денеска од училиштето.

Оттаму појаснија дека евкалиптусот спаѓа во групата егзотични растенија и се користи за изработка на етерични масла, а спрејот е одличен за масирање, ги опушта мускулите и ја негува чувствителната кожа.

- Ова беше уште еден предизвик за нашите ученици и успешно го реализираа. Очекуваме уште многу, многу изненадувања во иднина - нагласија од училиштето, чие мото е, „Денес ученик, утре стручњак".

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот