X
 22.03.2021 Образование

Бројот на средношколци намален за 2,5 отсто во споредба со претходната учебна година

Во редовните средни училишта бројот на учениците на крајот од учебната 2019/2020 година изнесува 68.273, што претставува намалување за 2,5 % во споредба со претходната учебна година, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека на крајот од учебната 2018/2019 година во земјава имало 70.025 средношколци кои учеле во 130 редовни средни училишта, а им предавале 7.510 наставници, од кои 6.560 со полно работно време.

На крајот од учебната 2019/2020 година во Македонија биле регистрирани 128 редовни средни училишта со 3.519 паралелки и 68.273 ученици. Во нив биле вработени вкупно 7.409 наставници, од кои 4.538 жени. Со полно работно време биле 6.414 наставници.

Во Македонија има 4 специјални средни училишта со 226 ученици и 82 наставници. Исто така, во земјава има две средни верски училишта во кои на крајот од учебната 2019/2020 биле регистрирани 187 ученици, а предавале 31 наставник, од кои само 1 жена.

Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Доколку ги разгледаме податоците за редовните средни училишта според јазикот на кој се изведува наставата, можеме да забележиме дека во учебната 2019/2020 година на македонски јазик наставата се изведувала во 108 од вкупно 128 училишта. Ја следеле вкупно 46.729 ученици, а ја предавале 4.854 наставници.

На албански јазик наставата се изведувала во 40 редовни редни училишта, а ја следеле 19.046 ученици и ја предавале 2.112 наставници.

Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

На турски наставата се изведувала во 12 училишта, ја следеле 1.180 средношколци, а ја предавале 199 наставници.

И на англиски наставата се изведувала во 8 училишта, ја следеле 1.317 средношколци, а ја предавале 244 наставници.

Податоците за бројот на основци можете да ги видите ТУКА.

Насловна фотографија: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование