X
 20.06.2020 Живот

Луѓето што ја доживуваат 100-тата година ги имаат овие заеднички карактеристики

Кога размислуваме за долговечноста, најчесто со неа ги поврзуваме исхраната и животниот стил. Тие влијаат врз здравјето на човекот, но не постои еден фактор што може да гарантира долговечност.

Неодамна во САД било спроведено истражување за животот на лицата постари од 75 години. Целта на студијата била да се анализира поврзаноста на повеќе фактори со шансите да се доживее 100-тата година од животот. Биле откриени повеќе елементи што имаат влијание врз долгиот и здрав живот.


Фото: Pexels

Некои се очекувани, како високиот социо-економски статус и повисокиот процент на работоспособно население во местото на живеење, кои се позитивно поврзани со долговечноста. Но, други фактори во истражувањето може да бидат помалку очекувани.

Како фактори што позитивно влијаат врз долговечноста се споменуваат и животот без партнер, без разлика дали личноста го изгубила партнерот, се развела или воопшто немала партнер. Стогодишниците почесто живееле во населби каде што има место за пешачење и во кои има диверзитет. Се забележало и дека луѓето со пониско ниво на образование почесто ја доживувале 100-тата година.


Фото: Pexels

Во анализата биле искористени податоци на 145.000 жители на Вашингтон кои починале на возраст над 75 години во периодот од 2011 до 2015. Во анализата се разгледувале местото на живеење, возраста, полот, расата и нивото на образование на секој од овие жители.

Заклучокот е дека жителите што живееле најдолго биле самци со социо-економска сигурност, кои живееле во населени заедници и не завршиле високо образование.

Авторите посочуваат дека во светот живееле речиси половина милион стогодишници во 2015, а се очекува овој број да порасне на околу 3,7 милиони до 2050.

Автор: ЦВ Хидли
Извор: theladders.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот