X
 31.12.2018 Живот

Гранка од туризмот која е опасна за живот, а е сѐ попопуларна

На почетокот од оваа година експлозија на лава погоди туристички брод на Хаваите и повреди 23 лица, а минатата година 11-годишно момче го загуби животот паѓајќи во кратер, а истата судбина ги снајде и неговите родители кога се обиделе да го спасат.

Опасностите ги следат токму оние туристи што премногу им се приближуваат на вулканите, а за жал такви има сѐ повеќе бидејќи вулканскиот туризам цвета.

- Вулканите се природна сила која не е во човечка моќ и контрола. Во случај на ерупција, ние не можеме да направиме ништо освен да се засолниме што подалеку - вели Ејми Донован, географ од Универзитетот во Кембриџ.

Таа во својот текст за вулканскиот туризам апелира на сѐ поголем број вулканофили кои не ја разбираат експлозивната природа на вулканските ерупции и така ги доведуваат во прашање не само своите, туку и животите на луѓето што потоа треба да ги спасуваат.

На пример, на Исланд е забележан раст на бројот на туристи баш во времето кога има вулкански ерупции, поради што тамошните власти размислуваат да престанат да ја известуваат јавноста за нивниот почеток.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот