Дали Шпанците некогаш спијат? Прашање што ќе си го поставите неколку пати ако се најдете во Мадрид по полноќ.
Во 22 часот кафулињата и плоштадите се полни со луѓе што пијат, а на полноќ баровите и рестораните не само што не се празни туку примаат уште гости и се нарачува храна. Околу два часот по полноќ луѓето конечно да си заминуваат дома за да се наспијат пред да одат на работа.
Сега е време да се запрашате - кога спијат?
Резултатите од компанијата „Евростат“ покажуваат дека Шпанците го почнуваат денот 90 минути подоцна отколку Германците. Кога Шпанецот руча, Германецот се враќа на работа на уште два часа. Кога Германецот ќе заврши во 16:30 часот, Шпанецот тогаш се враќа од ручек и продолжува да работи. На крајот, кога Германецот ќе легне во 22 часот, Шпанецот дури тогаш вечера и помеѓу полноќ и еден часот наутро си легнува да спие.
Значи, Шпанците спијат 53 минути помалку од просечното време за спиење во Европа, но тоа не значи дека се ненаспани. Тајната е во попладневната дремка што Шпанците и тоа како ја практикуваат, особено во текот на жешките летни денови.
Уште еден фактор што влијае врз навиките на спиење во Шпанија е погрешната временска зона во која се наоѓа земјата. Географски Шпанија би требало да е GMT; но во 1942 година Франко го преместил времето на централноевропско за да биде слично со Адолф Хитлер. И верувале или не, досега никој не ја отворил оваа тема.
- Сосема е лудо да сме во иста временска зона како Берлин, а тоа најдобро го покажува биолошкиот часовник на Шпанците, кој е во целосен неред. Ако ја промениме зоната, сонцето ќе излегува еден час порано, но ќе се будиме поприродно, ќе јадеме за време на појадокот и ќе спиеме доволно - вели Хозе Луис Касеро, претседател на Националниот комитет за рационализација на шпанската временска зона.
Дури и да се промени временската зона, за
Шпанците семејството и друштвениот живот се најважни и тие секогаш ќе имаат приоритет пред работата, па дури и пред сонот. Да се биде ненаспан е дел од шпанската култура.