Секретаријатот за европски прашања организира активности по повод одбележувањето на 9 мај- Денот на Европа. Во рамки на планот за активности е и конкурсот за избор на есеи „Со европско знаење до европската престолнина“.
Конкурсот за есеи е натпревар за студенти од додипломски студии на факултетите за општествени науки при државните универзитети во земјава, кои изучуваат предмети од областа на европските студии.Целта на натпреварот е да се поттикне критичкото размислување кај студентите во однос на европската интеграција на земјата, како и нивно подобро запознавање со политиките на ЕУ преку учење и истражување.
Секој студент кој ќе учествува на натпреварот ќе подготви есеј на тема утврдена со професорот- ментор, а по истекот на рокот за пишување ќе бидат избрани по два најдобри есеи од секој универзитет. Дванаесет автори- по двајца од секој универзитет, кои ќе ги напишат најдобрите есеи ќе патуваат на тридневна студиска посета во Брисел, каде ќе ги посетат европските институции, како и мисијата на Република Северна Македонија во Брисел, со цел да се запознаат со нивното функционирање.
Соработката на Секретаријатот за европски прашања и универзитетите „Св. Климент Охридски“, “Универзитет на Југоисточна Европа”, „Гоце Делчев“, „Св. Кирил и Методиј“и “Универзитет во Тетово”, се реализира во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка од 29.1.2014 година, како и со Универзитетот „Мајка Тереза“.
Услови за учество на конкурсот за есеи „Со европско знаење до европската престолнина“
Опис
Конкурсот за натпревар за есеи на теми поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија е отворен! Сите студенти кои студираат општествени науки на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Универзитет во Тетово“ и „Универзитет на Југоисточна Европа“ и се инспирирани да пишуваат на теми од областа на европските студии, се поканети да учествуваат на конкурсот за есеи „Со европско знаење до европската престолнина“.
Овој натпревар е организиран во рамки на активностите на Секретаријатот за европски прашања предвидени по повод обележувањето на 9. мај- Денот на Европа, со цел да им се овозможи на студентите со своите ставови да учествуваат во креирањето на европската иднина на земјава.
Теми
Студентите можат да пишуваат есеи на некоја од следните теми:
1.Помеѓу митот и реалноста на патот до Европската унија;
2.Европските вредности- предизвик или реалност во нашето општество;
3.Балканот помеѓу истокот и западот – Европската Унија како симбол на западната ориентација;
4.Предизвиците на Европската Унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан;
5.Европската Унија, алтернатива или императив за Балканските држави;
6.Пазарот на труд и индустриските односи- новите ЕУ предизвици;
7.Социјална Европа- еколошка Европа: новата парадигма во ЕУ;
8. Континуираниот реформски процес како предизвик за отворање на преговорите со ЕУ;
9. Влијанието врз економските процеси од членството на Северна Македонија во ЕУ;
10. Демократија, стабилизација, интеграција;
како и теми дефинирани во договор со менторите, кои покриваат политики и области кои се актуелни во ЕУ и се спроведени или треба да се спроведат во Република Северна Македонија.
Правила за пишување
Есеите треба да бидат долги меѓу 3 и 5 страници и да бидат составени од:
-Воведен дел, во кој ќе биде концизно објаснета темата на есејот со главната теза;
-Главен дел, кој може да содржи неколку пасуси, во зависност од тезите кои ќе се обработуваат. Притоа, во главниот дел се очекува да има најмалку еден пасус во кој авторот ќе даде свои видувања- визија за то во која насока предвидува дека ќе се развива политиката/ секторот/ итн. за кои елаборира, поткрепени со аргументи.
-Завршен дел- заклучок.
Есеите треба да бидат изработени во фонт Times New Roman, големина на карактери 12, со следниве маргини: горе, доле, лево, десно = 2.5 см., и со проред 1.5.
Содржина
При пишувањето на есејот и обработката на тезите, препорачливо е да се земе предвид и методот на Монет од аспект на избраната област (аспекти на неговиот метод кои остануваат клучни за активностите во Европа денес: неговиот фокус на ефективноста, неговото инсистирање на субсидијарност, неговото чувство за насоката- кон што се стремиме/целиме и неговата свесност за демократска поддршка).
Кој може да учествува?
Поканети се сите студенти на додипломски студии од факултетите по општествени науки , кои слушаат предмети од областа на европските интеграции.
Напишаните есеи можете да ги доставите најдоцна до 19.5.2019 година кај менторите на вашите факултети:
УКИМ
Економски факултет:
Проф. д-р Ѓорѓи Гоцков - Gjorgji.Gockov@eccf.ukim.edu.mk
Доц. д-р Елена Макревска - Elena.Makrevska@eccf.ukim.edu.mk
Правен Факултет:
Проф. д-р Татјана Петрушевска - t.petrusevska@pf.ukim.edu.mk
Доц. д-р Лазар Јовевски - l.jovevski@gmail.com
УГД
Економски факултет:
Доц.д-р Емилија Митева-Кацарски - emilija.miteva@ugd.edu.mk
Доц.д-р Весна Георгиева Свртинов - Vesna.Svrtinov@ugd.edu.mk
Правен факултет:
Асс. д-р Дејан Маролов - dejan.marolov@ugd.edu.mk
Асс. д-р Ана Никодиновска Крстевска
УКЛО
Економски факултет:
Проф. д-р Оливера Костоска - olivera.kostoska@uklo.edu.mk
Факултет за безбедност:
Проф. д-р Марјан Ѓуровски - mgjurovski@fb.uklo.edu.mk
УТ
Проф. д-р Мерсим Максути - mersim.maksuti@unite.edu.mk
Проф. д-р Али Муслиу - ali.musliu@unite.edu.mk
ЈИЕ
Правен факултет:
Проф. д-р Арта Сељмани - arta.selmani@seeu.edu.mk
Јазици, култури и комуникација:
Проф. д-р Ветон Љатифи - v.latifi@seeu.edu.mk
Универзитет „Мајка Тереза“
Факултет за социјални науки:
Проф. д-р Ризван Сулејмани - rizvan.sulejmani@unt.edu.mk
Проф. д-р Дренуша Камбери - drenusha.kamberi@unt.edu.mk
Награда
Натпреварот ќе се одвива во по две групи од секој универзитет, а авторот на најдобриот есеј од секоја група, односно од секој факултет, патува во Брисел на тридневна посета на европските институции, македонската мисија во Брисел, со покриени целосни трошоци за организација на патувањето.
Помошни извори:
https://ec.europa.eu/commission/sites/beta-political/files/communication-credible-enlargement-perspective-western-balkans_en.pdf
http://sep.gov.mk/content/?id=13#.XNQ6WBQzbcs
https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/sites/near/files/pdf/key_documents/2016/20161109_report_the_former_yugoslav_republic_of_macedonia.pdf
https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/instruments/overview_en
https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/instruments/funding-by-country/north-macedonia_en
http://www.sep.gov.mk/content/?id=19#.XNUv3xQzbcs
http://www.sep.gov.mk/content/?id=154#.XNUwFxQzbcs
http://sep.gov.mk/content/?id=154#.XNQ61hQzbcs
https://www.ecb.europa.eu/press/key/date/2017/html/ecb.sp170504.en.html
https://books.google.mk/books?id=SqgQTJ9qtSIC&dq=jean+monnet+the+path+to+european+unity&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwjRwvna1Y7iAhWOyKYKHZzJD0QQ6AEIJzAA