Меѓународната Фондација Борис Трајковски ги поканува сите заинтересирани млади да се пријават на обуката за „Човекови права“.
Обуката е дел од проектот „Младите, чувари на демократријата“ поддржан од Амбасадата на САД во Македонија и има за цел да го зголеми учеството на младите во демократскиот живот и демократските процеси.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со знаења и вештини за концептите за човекови права и механизмите за заштита на истите.
Обуката ќе се одржи на 14 мај 2016 година, сабота, во 11 часот, во Едукативниот тренинг центар Борис Трајковски, Ул. Костурски Херои 17-21, Скопје (спроти паркингот на Универзална сала).
За учество пријавете се преку infoydw@boristrajkovski.org или во инбокс на
https://www.facebook.com/The-Boris-Trajkovski-International-Foundation-210979342322869/?ref=bookmarks.