Инсуфициенција на конвергенција. Ова е стручниот назив за дијагнозата кога очите не функционираат добро при блиска фиксација. Не се работи за класичен страбизам, туку за тенденција да се искриват очите или тоа е практично фаза пред класично искривување на очите. Токму оваа состојба ја имаат сè повеќе деца и тоа на сè помала возраст поради употребата на телефони и таблети од најмали нозе.