Светското првенство во фудбал почна на 20 ноември во Катар. Многумина упатуваат критики кон Катар за кршењето на човековите права.
Со таа тема се занимава и веб-страницата „Гембл бејз“, која почнала необична наградна игра. Креаторите на веб-страницата ќе подарат 5.000 евра на лице кое нема да ги следи натпреварите на првенството. Наместо тоа, наградената личност би требало да напише есеј за важноста на човековите права.
За учество во наградната игра може да се пријават сите постари од 18 години што живеат во Германија, Австрија или Швајцарија. Извлечениот добитник ќе има задача да гледа одредени филмови за човековите права наместо натпреварите на првенството и потоа да напише есеј за филмовите.
Веб-страницата има цел да поттикне дискусија за условите за организирање на првенството и генерално, за човековите права.
Пријавувањето за наградната игра трае до 24 ноември.
Победникот ќе биде одреден со извлекување, а ќе биде известен на 12 декември. Задачата за пишување есеј треба да биде завршена до 16 декември, а есејот потоа ќе биде објавен на веб-страницата.
Извор:
Fenix-magazin
Насловна фотографија: Pixabay