X
 01.01.2020 Живот

Зошто е добро да бидете ранобудни?

Најпрво мора да напоменеме дека доколку ви одговара, одлично е да сте ноќна птица. Нема причина да се менувате, особено ако не ви пречи и ако сте задоволни.

Меѓутоа, доколку се одлучите за промена на вашиот животен ритам, ви нудиме неколку совети што ќе ви помогнат да станете ранобудни.

Поздравете го денот

Нема ништо поубаво од тоа да станете рано и да ќе го поздравите прекрасниот ден. Ви препорачуваме да си создадете некој утрински ритуал во кој ќе го поздравите денот. Далај-лама рекол: „Секој ден кога ќе се разбудиш помисли, среќен сум што се разбудив денес, што сум жив, што го имам својот драгоцен живот кој не сакам да го потрошам залудно. Ќе ја вложам сета моја енергија да се развивам, да го проширам своето срце за другите, да доживеам просветлување за доброто на другите луѓе, да имам добри мисли кон сите, и да не се лутам или да не помислам лошо за кој било, како и да направам добри дела колку што можам повеќе.

Неверојатен почеток на денот


Важно е вашиот почеток да не биде во брзање. Обидете се да станете порано, да си направите кафе и да ги прочитате утринските вести. Полека спремете се за на работа/факултет. Така вашиот ден ќе почне подобро и во смирена состојба.

Таа тишина...

Првите утрински часови се најтивкиот дел од денот - нема викање, нема луѓе што зборуваат, нема бебе што плаче, нема натпревари, нема автомобили... Ова е најубавиот дел од денот и треба да уживате во него.

Доживејте го изгревањето на сонцето

Луѓето што стануваат доцна секој ден пропуштаат еден од најубавите подвизи на природата пренесени во живо - изгрејсонцето.

Појадок

Кога ќе станете рано, ќе имате време и нешто да каснете. Како што знаете сите, појадокот е најважниот оброк без кој нашето тело нема гориво и енергија. Кога остануваме гладни, за време на ручекот посегнуваме кон што било без оглед на тоа дали е здраво или не.

Вежбање

Секако дека може да се вежба во другиот дел од денот, по работата, меѓутоа, во овој период може да излезат голем број обврски. Утринското вежбање е речиси невозможно да се прескокне.

Продуктивност

Утрото е најпродуктивниот дел од денот. Тогаш можете да работите и да бидете најефективни и најефикасни во вашата работа.

Време за поставување цели


Нема подобро време од утрото за прегледување или поставување на вашите цели. Би требало да имате една цел која ќе ја исполните оваа недела, а секое утро можете да одлучите која работа ќе ја направите дента за да се приближите до целта.

Мобилност

Никој не сака метеж во сообраќајот. Тргнете рано, кога сообраќајот сè уште не е густ и така заштедете си време.

Состаноци

Многу е полесно да преговарате кога станувате рано. Кога ќе задоцните на состанок, тоа е лош сигнал што им го испраќате на другите луѓе.

Како да станете ранобудни:

Немојте да правите промени наеднаш - Почнете полека, будете се 15-30 минути порано отколку што се будите.

Дозволете си да легнете порано - Сте се навикнале да лежите пред компјутер или да дремите на интернет до доцна, меѓутоа, ако се обидувате да станете порано, мора да си легнете порано.

Ставете го вашиот будилник што подалеку од креветот - Ако го ставите до креветот, ќе го исклучите и ќе продолжите да спиете. Меѓутоа, обидете се да не го притискате копчето „snooze“. Ако ви е далеку од креветот, ќе морате да станете за да го исклучите, а кога тоа ќе се случи, веќе ќе бидете на нозе.

Излезете брзо од спалната соба кога ќе го исклучите алармот - Не дозволувајте си да размислувате за враќање во креветот, туку натерајте се да излезете од собата.

Најдете добра причина - Зададете си задача, така ќе имате причина да станете од кревет.

Наградете се - Наградата може да биде чоколадо, некој вкусен појадок или нешто слично што ви годи, па така ова направете го утринска рутина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот