X
 13.01.2022 Живот

Успешно фотографирана Божиќната комета пред да го напушти Сончевиот Систем

За некој кој себеси се нарекува „нормален човек со телескоп“, фотографот Ендрју Мекарти доловува мигови што навистина предизвикуваат страхопочит. На 26 декември 2021 година Мекарти ја снимил кометата Леонард, позната како Божиќната комета, од својот двор во Флоренс, Аризона. Една од добиените фотографии е поглед одблизу на кометата, бидејќи прикажува брилијантна лента на бои опкружена со црна заднина со слабо блескави ѕвезди. Како што рече Мекарти, оваа комета приреди одлично шоу.

На неговиот инстаграм-профил детално објаснува како успеал да ја „улови“ спектакуларната глетка.

kometa

- И покрај тоа што сум прилично ниско на југозападното небо, можев да направам снимки одблиску во траење од околу 12 минути, имајќи одличен поглед на неверојатната структура и боја околу јадрото - објаснува фотографот.

Откако фотографирал 25 одделни експозиции во 30 секунди, тој создал портрет со детали од кометата.

Изборот на Мекарти да го овековечи небесниот објект беше направен во вистинско време. Првпат забележана во јануари 2021 година, кометата Леонард стана значајна затоа што беше на „ретко патување“  - пат што ќе ја однесе блиску до Сонцето, како и до Земјата. Таа се појави на 3 јануари 2022 година, но сега патува низ Сончевиот Систем и на крај ќе излезе и ќе слета во меѓуѕвездениот простор. Кометата нема да ја видиме повторно, па токму затоа фотографиите на Мекарти се уште позначајни.

2

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Andrew McCarthy/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот