X
 01.02.2019 Култура

Мејси Вилијамс: Ќе има негодување за крајот на „Игра на троновите“

Ѕвездата од „Игра на троновите“, Мејси Вилијамс, веќе има планови за  својата кариера по Арја Старк. 21-годишната актерка веќе почна со други проекти. Но, иако најави дека ќе има доста плодна година, таа вели дека напуштањето на „Игра на троновите“, ТВ-серија од која беше дел цели осум години, нема да биде лесно.

- Ќе биде многу чудно кога ќе заврши. Секој ден сум чекор поблиску до фактот дека серијата повеќе нема да биде дел од мојот живот - вели таа.

Вилијамс, која почна да глуми во „Игра на троновите“ на 13-годишна возраст, вели дека никој нема да биде задоволен од последната епизода од серијата, закажана за 19 мај 2019 година.

- Мислам дека луѓето ќе бидат незадоволни од крајот. Никој не сака серијата да заврши, дури и јас сакам да ја гледам и многу сум горда на последната сезона. Но, мислам дека фановите ќе бидат шокирани од крајот и ќе откријат дека нема да има никаква врска со она што го очекувале - вели Мејси.

Фановите веднаш почнаа да дискутираат за тоа на кои начини може да се интерпретира оваа изјава, па некои заклучија дека треба да се подготвиме за најлошото. Мејси не сакаше да открие детали и ги советуваше фановите да имаат трпение до април бидејќи така повеќе ќе уживаат во серијата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура