X
 01.02.2021 Образование

Пријавете сексуално вознемирување кај студентскиот правобранител! Анонимноста е загарантирана, велат од УСС

Во високото образование не смее да има простор за сексуално вознемирување! Универзитетот мора да биде безбедна зона за сите студенти. Јавна тајна се случаите кога одредени професори се однесуваат предаторски кон своите студентки, злоупотребувајќи ја својата позиција на авторитет, објавија од Универзитетското студентско собрание - УСС на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

- Овие професори не само што треба да бидат етички осудени, туку против нив треба да бидат покренати дисциплински постапки и тие треба да го загубат своето место во академската заедница. Ги охрабруваме сите студентки и студенти што се почувствувале вознемирани или загрозени од своите професори, да ја контактираат студентската правобранителка Теа Мицевска преку нејзината е-пошта pravobranitel.ukim@gmail.com. Вашата анонимност е загарантирана. Студентскиот правобранител и студентското собрание се тука за да ви помогнат и заедно да го решиме проблемот. Не си сам/а!- велат од УСС.

Фото: Фрипик

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование