Сонот на Селдин Салиу се исполни – конечно ќе настапува за својата татковина Македонија во уметничко лизгање. Проф. д-р Владимир Трајковски ни ги сподели своите студентски денови во нашата рубрика „Кога бев студент“. Студентите на Правниот факултет одлучија сами да плаќаат за неформален студентски правобранител. Разговаравме со актерката Наталија Теодосиева, која ја игра една од главните улоги во филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски, чија премиера се случи завчеравечер во големата сала на Македонската филхармонија.
Селдин Салиу
Досега учествувал на 44 натпревари во различни категории во Италија и странство. Дури 18 пати бил прво место, 10 пати второ и 5 пати трето. Петнаесетгодишниот
Селдин Салиу од дебарско Требиште, шампион во уметничко лизгање на Италија и европски шампион во категорија кадети, на 31 октомври во Италија го имаше првиот натпревар под знамето на Македонија и го освои второто место,
Селдо, како што го викаат најблиските, стана дел од Македонската федерација на лизгачки спортови во август оваа година и е пресреќен што конечно доби шанса да лизга на мразот за македонската репрезентација.
- Настапувам во италијанскиот град Мерано и досега ја претставував Италија. Но, сега сум пресреќен бидејќи сум член на Македонската федерација и гордо ќе го веам македонското знаме - вели Селдин за Факултети.мк.
Проф.д-р Владимир Трајковски
Немал дилема дека медицината е вистински избор за него. Проф. д-р Владимир Трајковски повеќе од 22 години предава на Институтот за дефектологија (од поново Институт за специјална едукација и рехабилитација). Иако клиничката медицина му била најмногу при срце, тој се насочил кон проблематиката на аутизмот, област за која вели дека уште во тоа време се гледало дека ќе има подем во светот, а за која многу малку се знаело. Медицинскиот факултет го завршил за 5 години и три месеци, што е огромен успех ако се знае дека овие студии во тоа време траеле по шест години.
Посветен на студиите, но и на другарството, Трајковски бил првенец на генерација во средното медицинско училиште. Вели дека малку се двоумел дали да се запише во гимназија, но не згрешил во изборот. Пораснал меѓу многу медицински лица, неговиот татко бил лекар, доктори имал и во поширока фамилија, а мајка му работела во Воена болница, како социјален работник долги години.
Наталија Теодосиева
Имавме една врба веднаш покрај нашиот двор во Кочани. Живеев близу Градскиот парк, пред куќата течеше река, а покрај реката имаше врба. Пораснав со таа врба. Беше многу навалена накај реката и не ѝ ги кастреа гранките. Една вечер имаше големо невреме и не знам како ми текна на врбата, таа беше целата искршена. А од што беше силна, го имаше откорнато целиот бетон. Многу ми беше жал за неа и напишав песна - се потсетува
актерката Наталија Теодосиева на момент од детството.
Дека случајности не постојат докажува и фактот дека 20-ина години подоцна таа игра една од главните улоги во филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски, чија светска премиера беше на Филмскиот фестивал во Рим пред десетина дена, а в петок првпат ќе го види и македонската публика.
Теодосиева е дипломирана актерка (Факултет за драмски уметности во Скопје, во класата на Владимир Милчин) веќе шест години. Својата кариера ја гради чекор по чекор, кроце, внимателно, на алтернативната сцена, но и на националните театри („Макбет“ – МНТ, „Крал Иби“ – Драмски).
Студентската организација при Правниот факултет „Јустинијан Први“ нема веќе да чека формален студентски правобранител. Таа објави повик за
неформален правобранител кој ќе се грижи за правата на студентите на овој факултет.
- Во услови кога на студентите не им е исполнето законското право на студентски правобранител кој ќе постапува по поплаките во однос на непочитувањето на нивните права, решивме самите да го земеме она што ни следува и да ја креираме оваа позиција. Неформалниот студентски правобранител ќе постапува по пријава на студент или по сопствена иницијатива доколку увиди кршење на некое од правата утврдени во член 27 од Законот за високо образование или на други права на студентите. Студентскиот правобранител за својата работа ќе изготвува месечен извештај кој ќе биде јавно објавен и презентиран пред студентите – пишува на нивната страница на „Фејсбук“.
Ѓорѓи Илиевски
Во врска со дисциплинската казна против
инспекторот Ѓорѓи Илиевски, народниот правобранител смета дека ДПИ незаконски постапил со донесеното решение бидејќи не ја почекал одлуката од Агенцијата за администрација по однос на поднесената жалба на инспекторот
Народниот правобранител оцени дека сѐ уште е спорно прашањето дали тројцата државни функционери од Тетовскиот универзитет (Арбер Адеми, Сафет Емрули и Агим Нухиу) незаконски биле унапредени во наставно-научни звања, а смета дека постојат индиции за повреда на правото бидејќи именуваните професори незаконски склучиле договори за интелектуални услуги за кои се верува дека добивале и парични средства.
Петмина амбициозни средношколци заедно со двајца ментори ја претставуваа Македонија на First Global Challenge што се одржа во Дубаи. Станува збор за годишен настан за роботика во стилот на Олимпијада на кој оваа година учествуваа 191 земјa oд светот со тимови од средношколци предводени од по двајца ментори. Годинава фокусот беше ставен на околината и особено на чистењето на океаните. Тие го освоија второто место во конкуренција на балканските земји.