X
 01.04.2017 Живот

Што треба да подготвите за Судниот ден?

Сте се запрашале ли некогаш што треба да подготвите за Судниот ден? Дали припаѓате на онаа група луѓе кои се склони кон паника и кои веруваат дека тој ден ќе дојде, или сметате дека сосема смирено би се соочиле со такво нешто?


Фото: Pixabay

Ако никогаш не сте размислувале што треба да имате при рака во такви случаи, ние ви нудиме листа на производи што ќе Ви се најдат:

Вода – добро е да имате при рака дестилирана вода колку што е можно повеќе.

Храна – конзервираната храна е добар избор за такви ситуации, а исто така и енергетските чоколади.

Производи за контрола при раѓање
– никој не би посакал дете во случај на непогоди.

Свирче – никогаш не знаете дали ќе бидете затрупани под урнатините.

Прва помош и комплет за тоалет – не заборавајте да чувате ленти за прва помош или четка и паста за заби. Кремот за заштита од сонце и основни лекови исто така треба да имате при рака.

Маски – ќе ви бидат добредојдени во било какви несреќи со прав.

Мапи во тврда копија – немојте да се потпирате секогаш на паметниот уред, затоа што во време на несреќи интернетот е веројато дека нема да Ве служи. Осигурајте се дека имате мапи во тврда копија.

Чувајте копии од најважните документи.

Ако не чувате повеќенаменски нож имајте барем отварач за конзерви.

Селотејп – евтин е, па зошто да го немате при рака?

Ќебиња – ако нема електрична енергија нема ни топлина. Затоа имајте топли ќебиња при рака.

Фенер или рефлектор – веројатно е дека ќе Ви притребаат.

Резервни батерии и свеќи ќе Ви бидат потребни ако подолго време трае соочувањето со Судниот ден. Веројатно е дека тогаш ќе нема напојување на електрична енергија.

Шпил карти – може да Ви се намали стресот ако го пренасочите вниманието кон игра.

Ранец – тој ќе Ви послужи да ги сместите резервните продукти.

Таблетите за прочистување на водата ќе Ви бидат потребни затоа што не знаете колку време ќе трае непогодата.

Тоалетна хартија, бебешки марамици и средство за дезинфекција затоа што хигиената во такви случаи е превенција од болести.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот