X
 10.08.2024 Забава

Во подготовка е уште еден спиноф на „Џон Вик“

По четири филмови и придружната мини-серија („Континентал: Од светот на Џон Вик“), можеби ви е доста од мрачниот универзум на најпрофитабилниот платен убиец во филмската историја?

„Лајонсгејт телевижн“ искрено се надева дека не ви е, затоа што се работи на „Џон Вик: Под високата маса“ - уште еден спин-оф на серијалот, за кој малку детали се споделени со пошироката јавност.

Имено, како што пренесува порталот „Дедлајн“, во филмот ќе се појави Роберт Левин, додека Басил Иваник, Ерика Ли, Киану Ривс и креаторот на серијата Чад Стахелски (кој ќе ја режира и пилот епизодата), се јавуваат во улоги на извршни продуценти. Што се однесува до самиот заплет, единственото нешто што е познато досега е дека наместо околу Вик, тој ќе биде центриран околу цела констелација на нови актери кои ќе се соочат со последиците од последната пресметка на Вик со грозоморната „Висока маса“.

Кој треба да ги глуми штотуку споменатите ликови, кога „Џон Вик: Под високата маса“ би можел да се појави на малите екрани, исто како и на која услуга за стриминг треба да биде достапна, засега е непознато.

Извор: bug.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава