X
 01.01.2022 Наука

Еве како звучи летање покрај месечина на Јупитер

Југозападниот истражувачки институт во Сан Антонио објавил аудио од 50 секунди во кое се слуша како звучи месечината Ганимед на Јупитер. Аудиото било направено од мисијата „Џуно“ на американската вселенска агенција НАСА.

Звуците биле снимени додека леталото поминувало покрај Ганимед на 7 јуни годинава. Доколку слушате внимателно, може да се забележи промената во фреквенцијата кога леталото влегува во различен регион на магнетосферата на Ганимед, објаснува научникот Скот Болтон.

На „Џуно“ има инструмент кој ги снима електричните и магнетни радиобранови во магнетосферата на Јупитер“. Научниците ги искористиле овие податоци за да создадат аудио.

Претходни истражувања посочиле дека на Јупитер можеби има живот. Облаците на планетата имаа водна активност која теоретски би овозможила живот.


Извор: Interesting Engineering
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука