Научниците ја открија досега најголемата „зона на смртта“ во светот.
На огромно подрачје во Оманскиот Залив кое зафаќа околу 80.000 квадратни километри, поради недостиг на кислород речиси и да нема живот, покажа истражувањето објавено во списанието „
Geophysical Research Letter“.
(
Фото: UEA)
„Нашите истражувања говорат дека целата ситуација е полоша од што стравувавме. Морето повеќе не добива кислород“, објаснува Бастиен Квест од британскиот Универзитет „Источна Англија“. Досега не беше познато колку е загрижувачка ситуацијата на тоа подрачје, затоа што пиратите и конфликтите во овој регион од Арапското Море ги спречуваа научните истражувања.
Содржината на кислород во „
зоните на смртта“ во морето е толку ниска што растенијата и животните не можат да преживеат.
Во некои области од морето на длабочина од 200 до 800 метри такви зони природно постојат, но климатските промени и загадувањето можат да придонесат за нивно создавање.
Нивото на кислород во водата опаѓа и поради загревањето на океаните, но и ѓубривата и отпадните води исто така влијаат врз намалувањето на кислородот.