X
 16.01.2023 Здравје

Дали знаете што е здравствена анксиозност? Ова се симптомите

Нормалната загриженост ги мотивира луѓето да се грижат за своето здравје, да одат на лекар кога е потребно, да не претеруваат со штетни навики. Сепак, здравствената анксиозност и хипохондријата претставуваат хронична форма на загриженост, страв и анксиозност.

Иако се чини дека пандемијата е завршена, вирусите и грипот не се откажуваат. Затоа, не е ни чудо што здравствената анксиозност е во пораст.

Многу психолози истакнуваат дека е многу важно да се зборува за овој проблем за навреме да се забележат знаците.

Што претставува здравствената анксиозност?

Здравствената анксиозност е многу слична на хипохондријата. И двата термина често се користат наизменично. Хипохондријата е фобија од болест и грижа дека ќе се разболиме.

- Деновиве, професионалците за ментално здравје имаат тенденција да го користат терминот здравствена анксиозност затоа што подобро ја одразува состојбата во однос на вознемиреноста што ја предизвикува, додека хипохондријата првенствено се однесува на фобија - вели д-р Беки Спелман.

Кои се симптомите на здравствена анксиозност?

- Што се однесува до симптомите, лицето што страда од здравствена анксиозност станува преокупирано со своето здравје и се фокусира на физички знаци за кои верува дека можат да бидат показател дека нешто не е во ред - објаснува д-р Спелман.

Ова често води до прекумерно и опсесивно проверување на пулсот, шеќерот во крвта, грутките и генерално сѐ што би укажало на здравствен проблем. Здравствената анксиозност, односно нејзините симптоми, се разликуваат од личност до личност, како и од состојбата во која се наоѓа поединецот. Не е невообичаено хипохондрикот да се фиксира само на една болест, особено ако таа состојба е многу присутна во неговиот живот. На пример, ако има член од семејството кој боледува од рак, хипохондрикот најверојатно ќе почне да се грижи и да мисли дека и него го снашла истата судбина.

Ако вашето тело ви испраќа знаци дека сте болни, нормално е да бидете загрижени. Здравствената анксиозност се карактеризира со постојано верување дека имате симптом или симптоми на сериозна болест.

Здравствената анксиозност е релативно честа состојба и е познато дека влијае врз 4 до 5 отсто од луѓето. Сепак, експертите веруваат дека мал број луѓе се обраќаат кон професионалци за овој проблем и дека процентот на луѓе што страдаат од здравствена анксиозност би можел да биде дури 25, според д-р Тимоти Скарела.

- Постои разлика, барем медицински гледано, помеѓу личност која нема или има минимални симптоми и често е загрижена за болеста и личност која е загрижена за симптомите - вели д-р Скарела.

Симптомите предизвикани од здравствена анксиозност може да вклучуваат болки во мускулите, болки во градите, промени во отчукувањата на срцето, главоболки и вртоглавица, меѓу другото.

Постојат неколку други знаци на овој проблем:

- Кога докторот ќе ве увери дека не сте болни, тоа сепак не ви ја ослободува нервозата;
- Постојано пребарување информации за здравјето на интернет;
- Кога читате вести за некоја болест, почнувате да се грижите дека ја имате;
- Грижата за вашето здравје влијае врз вашиот живот, семејство, работа;

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје