Филмот „Шоуто на Труман“ се појави во 1998 година и докажа две работи: дека Џим Кери може да биде смешен без да ја чепати устата и дека луѓето беа фасцинирани од идејата за шоуто кое го прикажува реалниот живот на некој човек. Но, филмот предизвика и друг феномен освен снимањето реални шоуа. Инспирира целосно ново психолошко
нарушување.
Халуцинацијата именувана „Шоуто на Труман“ првпат беше опишана од психијатрите Џоел и Иан Голд во 2006 година. Оттогаш тие истражуваа повеќе од 100 релевантни случаи и велат дека илузијата е доказ за влијанието на културата над нашите умови. Името на илузијата е засновано на фактот дека три од пет првични пациенти го споменале филмот кога ги опишале нивните искуства.
Ако некој страда од оваа илузија, може да не е способен да се ослободи од чувството дека таму некаде надвор има режисер кој ги режира настаните во неговиот живот. Во оригиналната студија на браќата Голд, тие наведуваат пет различни лица кај кои ја дијагностицирале илузијата. Изненадувачко е колку различен бил животниот стил на тие лица. Едниот бил наркозависник кој имал дијагноза шизофренија, а другиот бил новинар кој мислел дека неговите колеги ги измислуваат нивните стории. Трет, пак, работел на реално шоу и верувал дека тајно е ѕвезда на друга програма.
Што се однесува до заблудите, ова е неверојатно чудно и чудно веројатно. Кога ќе почнете да го разгледувате, ќе почнете да наоѓате вести за луѓе со илузијата именувана по филмот кои велат дека секојдневно се под видеонадзор. Всушност, и другите се, без разлика дали ги снима безбедносна камера или паметен телефон. Клучната разлика, се разбира, е што нивните снимени глупости не се емитуваат пред милиони.
Но, што ако сте имале ваква илузија и навистина сте биле на ТВ? Запознајте го Кевин Хал. Како и многумина со вакви халуцинации, на Кевин му било дијагностицирано друго психичко нарушување - во неговиот случај биполарно растројство. Но, за разлика од повеќето други, тој бил пловец (едриличар) од светска класа. Тоа било така додека грозоморното искуство не го оттргнало од спортот. Додека се подготвувал за 34-тиот Американски куп со својот колега олимпиец Ендрју „Барт“ Симпсон, нивниот катамаран одеднаш се превртел. Симпсон се удавил во несреќата. И додека Кевин го гледал тоа, се прашувал дали сето тоа е трик за камерите. Работата е што камерите навистина биле таму.
Лесно е да се види како ваква трагедија може да потресе некого, дури ако веќе не се соочувал со психолошки проблем. Но, за Кевин, тоа стана важен чекор во неговото патување кон менталното здравје. Откако се консултира со лекари, дозна дека тој не е единствениот што се почувствувал така. На крајот, стапил во контакт со браќата Голд. Денес тој работи со свои лекари, но и со Џоел Голд.