X
 27.11.2018 Култура

Овој град има повеќе велосипеди отколку автомобили

Во текот на изминативе неколку години данската влада се обидува да воведе култура на велосипеди - а со надминувањето на бројот на велосипеди во однос на автомобили се чини дека Копенхаген ја реализира својата цел. Во обид да се подобри транспортот на велосипедистите, поставени се и електронски табли што ги прикажуваат улиците со многу сообраќај.

Исто така, Данска има поставено знаци на кои пишува: „Вие сте велосипедист број...“, по што следува црвен неонски број. Доцна попладне овој бројач обично има пет цифри за да покаже колку велосипедисти поминале на одреден место.

1
Фото: Flickr


Иако владите на градови како Лондон, Букурешт и Истанбул се обидуваат да го намалат сообраќајниот метеж создаден од автомобили, истото може да се каже и за велосипедите во Копенхаген. Општо е познато дека Данците ги користат своите велосипеди како главно средство за транспорт, па така, со право ја заработиле титулата - велосипедска нација. Дури и на снег и ветер со брзина од 27 километри на час, велосипедизмот им е забавен на многумина. Со 390 километри мрежа, вклучувајќи и прекрасни мостови, лесно е да се вози велосипед насекаде низ градот. Затоа сосема природна појава е кога ќе видите како мали деца, ученици, мажи во костуми, жени со високи потпетици и постари луѓе ги возат нивните шарени велосипеди.

2
Фото: Flickr


Според градските власти, 265.700 велосипеди биле искористени во 2016 година. Во споредба со 252.600 автомобили, велосипедите првпат го надминале бројот на автомобилите. Во меѓувреме, сообраќајот за велосипеди се зголемил за 68 отсто во изминатите 20 години. Затоа, данската влада одлучи повторно да инвестира во велосипедската инфраструктура.  

Данците имаат прилично висока култура кога станува збор за возењето велосипед и секогаш се придржуваат кон правилата. Тие нагласуваат дека секој треба да ги следи правилата како „Никогаш не запирај без да ја кренеш раката“, „Секогаш покажи со раката ако планираш да свртиш лево или десно“ и „Остани на десната страна на патеката ако возиш бавно“.

4
Фото:Flickr

Копенхаген не бил секогаш велосипедски рај, но напорите на владата низ годините ја создадоа традицијата. Сега, главниот град на една од најеколошките земји во светот се рангира на второто место во анкета што го испитуваше квалитетот на воздухот помеѓу 23 европски земји.

Се проценува дека сообраќајот со велосипеди ќе се зголеми за 25 отсто до 2025 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура