X
 17.02.2019 Технологија

Сајмон Синек има кратко објаснување за големата зависност на луѓето од телефоните

Им даваме на децата слободен пристап до телефони и социјалните медиуми, а тие не се подготвени за тоа, нивните умови не можат да се справат со допаминот. Може да го имаат само одредено време и потоа им го земате. Тие се деца, можете да им го земете телефонот.

Вака почнува ова видео во кое британско-американскиот автор и мотивациски говорник Сајмон Синек зборува за зависноста на луѓето од телефоните.

Тој порачува дека родителите мора да интервенираат, а компаниите мора да се соочат со приливот на млади што им доаѓаат со зависност.

- Ако прошетате низ канцеларија, ќе ги видите постарите вработени како си го ставиле телефонот настрана додека работат. Ќе ги видите и најмладите вработени со нивните телефони свртени кон нив, пред нивните тастатури, меѓу нивните раце додека работат - вели тој и објаснува дека младите работат гледајќи во телефонот, па во компјутерот.

Сајмон предупредува дека е научно докажано дека е штетно. Тој потоа зборува и за тоа како телефоните прават луѓето околу нас да имаат чувство дека не ни се толку важни.

- Превртувањето на телефонот на маса за време на состанок не е учтиво - вели тој.

Погледнете го видеото.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија