Роботски асистент „вработен“ во Градскиот совет во Јужна Кореја го завршил своето постоење додека бил на работа, фрлајќи се по скали, соопштиле од административното тело.
Инцидентот се случил минатата недела, а роботот бил забележан како се врти на своето место како нешто да не е во ред, пред да се спушти по скалите, долги два метри.
-Деловите од роботот се собрани и производителот ќе ги анализира - изјавил претставник на градскиот совет.
Роботскиот асистент, произведен од калифорниската стартап-компанија „Бер роботикс“, презел административна улога во советот минатиот август. Роботот имал своја официјална картичка и работел од 9 до 16 часот, пренесувајќи документи низ зградата, помагајќи им на посетителите и промовирајќи го градот на друг начин.
„Смртта“ на машината длабоко ги растажила вработените во Градскиот совет и моментално не се разгледуваат планови за усвојување нов робот.
- Официјално тој беше дел од градското собрание, тој беше наш член. Работеше напорно - рекол официјалниот претставник на градското собрание.
Локалните медиуми го опишале овој инцидент како прво „роботско самоубиство“ што се случило во земјата. Уште една „смрт“ на робот е снимена претходно во Вашингтон, кога безбедносниот робот по име Стив се „удавил“ во фонтана.
Извор: 6yka.com
Фото: Freepik