Истражувачи од швајцарскиот Универзитет на применети науки во Граубинден успеале да пресметаат рекорден број децимали од бројот Пи. Тие пресметале 62.800 билиони децимали со помош на компјутер кој пресметувал 108 дена и 9 часа.
Новиот рекорд бил пресметан околу 3,5 пати побргу од претходниот рекорд од 2020, кога биле пресметани 50 билиони децимали.
Истражувачите ќе ги откријат целосните резултати откако Гинисовата книга на рекорди ќе го сертифицира рекордот, но од универзитетот откриле дека последните пресметани децимали на бројот Пи се 7817924264.
Бројот Пи, чија вредност е околу 3,14, е ирационален реален број кој го претставува односот на обиколката на една кружница со нејзиниот пречник во Евклидовата геометрија. Невозможно е да се знае неговата точна вредност бидејќи бројот на децимали е бесконечен.
Извор: Euronews
Фото: Pixabay