Нивните бензински станици се опишуваат како станици на стероиди, а може да се пофалат и со најголемиот „минимаркет“ во светот. Бензинската станица „Бакис“ (Buc-ee's) била осмислена за потребите на сојузната американска држава Тексас, која има над 5.000 километри автопат.
Овој синџир на бензински станици во градот Бастроп има станица која се простира на 5.202 квадратни метри. Во рамките на бензинската станица има дури 71 тоалет, 96 пумпи за полнење гориво и 655 места за паркинг. Бензинската станица е атракција само поради големината.
Друга бензинската станица во близина на Сан Антонио моментално го држи рекордот за најголем минимаркет во светот. Оваа станица има 60 пумпи за полнење гориво и дури 1.000 места за паркинг. Тука се наоѓа и најголемата автопералница во светот со должина од 77 метри.
Извор:
Punkufer
Насловна фотографија:
Buc-ee's