X
 01.08.2019 Живот

Една од најпопуларните веб-страници нуди можност за работа

Доколку ве интересира работата во еден од најпопуларните портали на денешницата, можете да се пријавите.

Популарната интернет веб-страница „Базфид“ моментално вработува уредници, новинари и колеги за видео продукција ширум светот.

Ова е еден вид преседан за оваа компанија бидејќи претходно имаше само програми за стипендирање што траеле до четири месеци, а практикантите беа плаќани по саат, без никакви други надоместоци.

За местото викенд уредник бараат лојална личност која ќе работи во канцеларија во Њујорк. Ќе уредува и објавува содржина што ја генерира корисник.

Пожелно е да бидете и „граматички добро потковани“ со фокус на деталите. Работата подразбира уредување, но и можност за пишување. Се наведува и дека работата бара да бидете достапни во текот на викендот.

Од веб-страницата тврдат дека може да се очекуваат и награди, бонуси, медицински бенефиции, политика на семејни отсуства, попусти во теретани и велнес центри и многу други работи.

Вредноста на пазарот на овој портал изнесува повеќе од 1,5 милијарда долари. Исто така, луѓето секојдневно ги читаат содржините на оваа веб-страница, а нивниот пристап е таков што секогаш ги проверуваат податоците и врз нивна основа ги формираат своите приказни.

ТУКА можете да дознаете повеќе за огласот.

1
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот