X
 12.04.2016 Образование

Потребни се работници во повеќе области за работа во Италија

Технолошкиот сектор во Италија се обидува да пополни илјадници работни места бидејќи, покрај високата невработеност во земјата, има недостаток на талент.


Околу 76.000 работни места на професионално ниво биле непополнети изминатата година, според податоците од Министерството за труд на Италија.

Според податоците, 41,8% од сите работни места за софтвер-девелопери и аналитичари останале празни или биле пополнети само привремено. 30% од работните места за инженерите останале непополнети, исто така. Во земјата, стапката на невработеност изнесува 11,7%, а меѓу младите таа изнесува 37,9%.

Генерално, земјата нема проблеми за наоѓање вработени за повеќето од работните места, но некои области се критични. Технолошките и инженерски сектори во Италија се погодени особено поради тоа што илјадници млади луѓе се селат во странство за да работат секоја година.

Друг проблем е и недостатокот на работно искуство кај кандидатите за работа. Компаниите бараат луѓе за работа, но не можат да најдат совршени кандидати, известува „Local“.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование