X
 01.09.2020 Култура

Да раскрстиме со варварското однесување кон културното наследство, порача министерката Ирена Стефоска

Веднаш зборувам за одговорност и постојано ќе зборувам за одговорност затоа што ми е совршено јасно дека ние како држава единственото нешто со што располагаме и со што можеме да бидеме препознаени и прифатени во светски контекст е културата. Мојата задача е посветеност и заштита на културното наследство и во таа смислам раскрстување со варварското однесување кон културното наследство, бидејќи тоа нè носи во пропаст, истакна вчера новата министерка за култура, д-р Ирена Стефоска, на примопредавањето на позицијата од нејзиниот претходник, д-р Хусни.

Таа истакна дека позицијата министер за култура ја прифаќа како голема чест и уште поголема одговорност.

- Ваквата определба и нејзината реализација подразбира едукација, вклучување луѓе со капацитет и знаење, вклучување на младите луѓе, надминување на сите јазови - било да се работи за генерациски, социјални било етнички - подразбира препознавање на една, заедничка цел. И затоа, мојата цел како министерка е да работиме на обединување на нашите знаења за да ја одржиме таа витална врска на нашиот културен амалгам, на нашето заедничко наследство, со современите и идните културни, образовни, естетски, па дури и економски практики. Таа врска мораме да ја одржиме од едноставна причина што таа нè прави она што сме - истакна Стефоска.

Хусни Исмаили и Ирена Стефоска

Министерката за култура своето обраќање го заврши со мислата на историчарот Јохан Хојзинга: „Ако сакаме да ја сочуваме културата, мораме да продолжиме да ја создаваме“.

Исмаили ѝ посака срдечно добредојде и многу успех во мандатот, со оглед на нејзиното претходно искуство во областа на културата и заложби во Комисијата за култура при Собранието и други тела.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура