X
 01.09.2022 Живот

Светското население може да надмине 8 милијарди во секој момент

Светското население треба да брои над 8 милијарди луѓе до 15 ноември годинава, според процени на Обединетите нации. Според истите процени, во светот ќе живеат 8,5 милијарди луѓе до 2030 година, 9,7 милијарди до 2050 и 10,4 милијарди до 2100 година.

Експертите и претходно проценувале дека годинава светот ќе надмине 8 милијарди жители, а надминувањето на овој број би можело да се случи кој било ден.

Меѓутоа, иако Обединетите нации предвидуваат надминување на 10 милијарди до 2100 година, „Волстрит џурнал“ смета дека тоа нема да биде така, пишува „Фјучуризм“.

Според Волфганг Луц, директор на Центарот за демографија и глобален човечки капитал „Витгенштајн“ при Универзитетот во Виена, зголемената стапка на образовани лица и подобрениот квалитет на животот може да го намалат размножувањето. Според него, брзината на намалувањето на наталитетот во Африка и во Кина ќе одреди колку ќе расте глобалното население во иднина.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот