X
 10.03.2024 Живот

Во обид да го зголеми наталитетот, кинески град организира лотарија од 90.000 евра за венчаните

Владите низ цел свет се обидуваат да смислат креативни начини за поттикнување на порастот на наталитетот. Со ваков проблем се соочи кинескиот град Ксијан, во земја чија политика на наталитет во претходните децении беше насочена во обратна насока.

Сега властите во кинескиот град Ксијан нудат околу 90.000 евра вредни ливчиња за лотарија кои ќе им се делат како награда на оние што ќе ги покажат своите изводи за брак, во обид да ги поттикнат браковите во време кога бејби-бумот во земјата опаѓа.

Наталитетот во Кина опаѓа

Населението на Кина се намали во 2023 година, што е втора година по ред, а бројот на новороденчиња падна на околу половина од регистрираниот број во 2016 година.

Бројот на нови бракови во 2022 година беше рекордно низок. Со оглед на тоа што бројот на бракови е во корелација со стапката на наталитет, бидејќи самохраните мајки често не добиваат бенефиции, Ксијан вети лотарија.

- Тоа не е само почеток на среќен брачен живот, туку постои шанса да добиете подарок - пишува на веб-страницата на градската матична служба. Од службата додаваат дека кампањата ќе трае до 30 ноември.

Во Кина е скапо да се одгледуваат деца


Кина е едно од најскапите места во светот за одгледување деца во однос на нејзиниот БДП по глава на жител.

Сè помалку жени избираат да имаат деца бидејќи се плашат од високите трошоци за грижа за децата, неподготвеноста да се венчаат или да ја стават својата кариера во мирување, додека родовата дискриминација сè уште постои.

Извор: Malaysiasun.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот