X
 01.10.2018 Живот

Бруцоши, без паника: Совети што ви се потребни за „преживување“

Започнувањето на нешто ново секогаш е неверојaтно. Сигурно вака се чувствувате и за почетокот на новата академска година. Имате големи очекувања и многу нови шанси, единствено ви останува да ги реализирате.

За да уживате во учењето и да бидете продуктивни, следете ги советите во продолжение што сигурно ќе ви се најдат и ќе ви ја направат академската година прилично незаборавна.

1. Запишете ги вашите планови и цели

Поставете долгорочни цели и долгорочни планови. Со овие мали чекори можете да имате подобри резултати.

Планирањето е корисно, иако често е потценето, а игнорирањето на чекорите за планирање е фундаментална грешка. Неделното планирање е добро правило што треба да го следите. Дневното планирање ви овозможува да го распределите вашиот ден на начин што ќе функционира совршено за вас.

Обидете се со експеримент што ќе трае две недели. Не планирајте ништо првата недела и оставете ги работите да течат онака како што се. Наредната недела испланирајте ја вашата дневна рутина однапред, направете приоритети и поставете рокови.

Ја гледате разликата?

2. Работете на вашите вештини за управување со времето


Организираноста е добар квалитет за личноста што учи. Ако одложувањето отсекогаш бил вашиот проблем, новата академска година е совршен период да се ослободите од оваа навика. Во текот на летото имавте шанса да го поминете времето онака како што сакавте. Но, со пристигнувањето на есента, дојде период да започнете со распоред.

Усовршувањето на вашите вештини за управување со времето дефинитивно бара напор и време. Учењето е прилично тешко, особено ако не знаете како мудро да управувате со времето.

3. Средете ја вашата средина за учење и направете список за купување материјали


Подобро е однапред да ги купите работите што ви требаат, за кога ќе започне процесот на учење да имате сѐ што ви е потребно.

4. Разгледајте ги вашите учебници и скрипти


Ако вашите предмети имаат учебници, обидете се да ги разгледате. Така ќе откриете за што станува збор и ќе ви биде полесно да ги следите предавањата кога ќе започнат.

5. Прашајте ги професорите и колегите за помош

Не срамете се да побарате помош. Не плашете се да поставите прашања и да побарате помош за работи што не ги разбирате. На факултетите, сите студенти бркаат една цел - да научат.

6. Не плашете се да запознаете нови пријатели


Ако сте срамежлива личност, може да биде вистински предизвик да запознаете нови пријатели.

7. Развијте стратегии за антистрес

Управувањето со стресот и балансираноста во животот е добра вештина. Луѓето различно се обидуваат да се справат со стресот. Играат спорт, квалитетно спијат, се среќаваат со пријателите или можеби гледаат ТВ-серии. Најважното нешто е да се ослободите од стресот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот