X
 21.07.2024 Здравје

Дали е добро да се става дезодоранс секој ден - лекарка има одговор на прашањето

Според истражувањето спроведено од „Перспирекс“, 63 отсто од жените изјавиле дека потењето е најнепријатниот проблем со кој се соочуваат, а дезодорансите го решаваат проблемот.

Лекарите на „Космополитен“ откриле дека повеќето луѓе погрешно користат дезодоранс, а д-р Дон Харпер посочува четири вообичаени грешки при нанесувањето дезодоранс.

Разлика помеѓу дезодоранс и антиперспирант

Постои една важна разлика помеѓу антиперспирантите и дезодорансите што многу луѓе не ја знаат, а која во голема мера влијае врз сузбивањето на непријатните мириси поради потењето.

- Антиперспирантите се направени за да го спречат потењето, додека дезодорансите се користат за маскирање на мирисот. Интересно е што свежата пот нема мирис. Мирисот се создава кога бактериите на кожата ја разградуваат потта. Секој што е свесен за мирисот на телото треба да користи средство за туширање со балансирана pH-вредност бидејќи парфимираните производи можат да ја променат pH-вредноста на кожата, правејќи ја подобра средина за раст на бактериите, што пак може да го влоши проблемот - истакна д-р Харпер.

Не користете го секој ден


Иако ова е можеби незамисливо за време на високи температури кога потењето е често, д-р Харпер советува дека не е добра идеја да се користи дезодоранс секој ден.

- Прснете два пати нагоре и два надолу додека го нанесувате дезодорансот на секоја пазува. Ова треба да го правите само еднаш или двапати неделно - советува Харпер.

Дополнително, докторката споменала уште две работи на кои мора да внимавате следниот пат кога ќе одлучите да нанесете дезодоранс.

- Со оглед на тоа што влажната кожа не впива добро, се препорачува да се нанесува дезодоранс на сува кожа. Нанесете го навечер и оставете го на кожата цела ноќ за да трае подолго. Важно е да ги измиете пазувите наутро - советува д-р Харпер.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје