X
 01.10.2019 Живот

Карпа мраз колку едно гратче се одвои од Антарктикот

Карпа мраз со маса од 315 милијарди тони вчера се одвои големата ледена плоча Амери на Антарктикот. Но, се чини тоа не е поврзано со климатските промени, пренесува „Гардијан“.

Површината на карпата наречена Д-28 изнесува 1,5 квадратен километар. Стручните лица предупредуваат дека ледениот блок мора да се следи оти може да претставува опасност за пловидба.

Од Амери од раните 60-ти години не се одвоила олку голема карпа мраз. Тогаш плочата имала површина од околу 9.000 квадратни километри. Амери е третата најголема ледена плоча на Антарктикот и клучен одводен канал за источниот дел од континентот.

Одвојувањето на карпите е природен процес со кој ледените плочи одржуваат рамнотежа, оти така се балансираат наносите на снег. Професорката Хелен Фрикер од Институтот за океанографија Скрипс истакнува дека овој случај не е поврзан со климатските промени.



- Иако има многу причини за загриженост за Антарктикот, за оваа ледена плоча засега не треба да се вклучува тревога - рече Фрикер.

Се проценува дека Д-28 е дебела 210 метри. Струите и ветровите ќе ја насочат на запад и, како што проценуваат стручните лица, веројатно ќе треба да минат години до нејзиното целосно топење.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот