Натпреварот „Награди за комична фотографија од милениче“ ги објави финалистите за оваа година. Целта е да им оддаде почит на најсмешните фотографии што љубителите на домашни
миленици успеале да ги направат.
Исто така, наградите се обидуваат да ја подигнат свеста за бездомните миленичиња и собираат пари за добротворниот партнер „Блу крос“.
Оваа година беа поднесени над 2.000 пријави за учество од 81 земја во светот. Во продолжение се 14 финалисти кои се борат за главната награда од 3.000 фунти, а победникот ќе биде прогласен за фотограф на годината за домашни миленици за 2020 година.
Извор:
Petapixel.com