X
 01.10.2023 Живот

Импресивна снимка од дрон прикажува скриени езера на Исланд, недопрени од човекот

Романскиот фотограф Аурел Манеа, кој живее во Букурешт, посвети една деценија од својот живот на фотографии и видеопроекти. Еден од нив го упати на Исланд, островска земја речиси отсечена од континентална Европа.

Исланд е полн со нешта на кои обичниот човек не е навикнат - од фактот дека во зима цел ден е ноќ до природа која е толку прекрасна што е сосема недостапна за обичниот човек. Само најупорните можат да се снајдат и да уживаат во дивата исландска природа.

Така беше и со овие езера чија убавина лежи во боите кои може да се доживеат само ако се фотографираат од височина. Затоа фотографот користел дрон, а резултатите се вонземни шеми кои го одземаат здивот на секој што ќе ги види.

- Езерата се наоѓаат во многу недостапна област на Исланд и не можев директно да стигнам до нив бидејќи на крајот имаше река длабока два метра која морав да ја поминам. За среќа, по шест километри пешачење најдов начин и се приближив до езерата на растојание од 200 метри, што беше доволно за да испратам дрон. Резултатот, како што можете да видите, е доста импресивен - напиша Аурел во описот на своето видео, истакнувајќи дека нема да ја открие локацијата бидејќи сака да ги охрабри другите луѓе да го истражуваат светот.

Тој замоли ова место и други слични на него да останат поштедени од туристи бидејќи повеќето туристички атракции многу брзо го губат статусот на недопрена природа.

 

Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот