X
 23.05.2022 Живот

Ви досадуваат комарците? Во оваа држава тие се толку ретки, што чуваат еден во лименка

Доаѓаат потопли денови, а со нив и нашите непоканети пријатели - комарците. Додека некои среќници го поминуваат летото не чувствувајќи ни еден бодеж, на други ништо не им помага. На оние што мислат дека нема спас во свет со речиси 4.000 вида комарци, им препорачуваме нешто што сигурно ќе успее - патување до Исланд.

Оваа европска дестинација ќе ви овозможи нешто навидум неспоиво - уживање во природата и отсуство на комарци. Често се зборува за Исланд како единствена земја во светот без комарци, но тоа сепак би било малку претерано.

Со сигурност се знае дека на Исланд има барем еден комарец. Станува збор за еден комарец кој случајно бил пронајден во авион од исландскиот професор Гисли Мар Гисласон, па одлучил да го зачува во лименка. Потоа го донел во Исландскиот институт, каде што останал.

1
Фото: Instagram

Зошто нема комарци на Исланд?


Комарците едноставно не ја сакаат исландската клима, односно променливото време, особено во зима кога им е потребна стабилна ниска температура за хибернација. На Исланд, исто така, нема количества плитка вода што им е потребна за репродукција, а некои сметаат дека не им одговара ниту хемискиот состав на водата.

Тоа не значи дека на Исланд нема муви, инсекти и др. Згора на тоа, постои вид типичен за Исланд, кој е сличен на комарците или мувите. Така, дури и ако мислите дека сте виделе комарец, тоа е веројатно само досадна исландска мушичка која не пие крв. Многу од нив се наоѓаат на езерото Миватн.

2
Фото: Instagram

Ако навистина наидете на вистински комарец на вашите патувања, јавете му се на професорот Гисласон, кој би бил среќен да најде пријател или девојка за неговиот осамен комарец. И запомнете дека и комарците имаат цел, која не вклучува пренос на вирусот зика и маларија. Без овие мали крвопијци би дошло до вистинска катастрофа, бидејќи тие се храна за жаби, лилјаци, риби и многу други животни. Тие, исто така, одржуваат во живот некои видови цвеќиња со индиректно учество во нивното опрашување.

3
Фото: Instagram

Ако климатските промени продолжат, Исланѓаните можеби ќе доживеат населување на комарците на нивниот остров.

island
Фото: Instagram

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот