01.11.2018
Образование
„Ми се смее, ми се плаче“ - мото на „Скомрахи“
Интернационалните студентски средби „Скомрахи“ од денеска до 6 ноември ќе се одржат на Факултетот за драмски уметности-Скопје. Ќе учествуваат студенти од aкадемиите и факултетите за драмски уметности од регионот и Европа.
Во шесте дена публиката ќе има можност да погледне филмови и претстави на студенти од Белград, Фрајбург, Загреб, Осиек, Сараево, Приштина и Скопје.
Фестивалот ќе го отворат студентите по актерска игра од четврта година на Факултетот за драмски уметности во класата на проф. Мими Таневска-Србиновска со претставата „ММЕ кој прв почна“ по текст на Дејан Дуковски.
Покрај главната програма, студентите од ФДУ ќе организираат и „СкомрахOFF“ – придружна програма со музика, дружење и алтернативни активности. Влезот на фестивалот е бесплатен.
- „Скомрахи“ првпат се одржа во 1988 година како одговор на потребата на студентите да разменуваат искуства и знаења со други академии и факултети, а веќе прерасна во уникатно фестивалско искуство за сите што сакаат да ја поддржат студентската театарска и филмска сцена, соопшти ФДУ.