X
 01.11.2022 Живот

Која е најсреќна генерација, открива ново истражување

Кога генерација е најсреќна и најисполнета? Може да се дадат добри аргументи за повеќе групи. Помладите генерации имаат добро физичко здравје и се возбудени за иднината, но постарите генерации имаат мудрост и се финансиски стабилни.

Ново истражување се обидува да открие која генерација е најсреќна. Истражувањето било спроведено со анкета на 2.598 лица од САД кои припаѓаат на пет возрасни групи: тивка генерација (на возраст од 77 години или повеќе), „бумери“ (58-76), генерација икс (42-57), милениумци (26-41) и генерација зет (18-25).

Главниот резултат од истражувањето е дека среќата се зголемува со зголемувањето на возраста (најсреќна е генерацијата на 77 години).
Најголема разлика имало помеѓу тивката генерација и генерацијата зет. Биле откриени и помали разлики поврзани со расата, но немало разлика меѓу половите.

Според авторите на истражувањето, резултатот дека постарите Американци се посреќни и покрај проблемите со здравјето не изненадува.

Она што изненадува е тоа што помладите генерации се најмалку среќни, со оглед на тоа што претходни истражувања посочувале дека најсреќни генерации биле најмладите и најстарите, а помалку среќни се оние во средина.

Извор: Psychology today
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот