Доколку сте заинтересирани да дознаете или сè уште не сте прочитале која е најсреќната земја во светот за 2023 година, еве ги деталите.
Нордиска нација се најде на врвот на листата со 137 земји вклучени во Светскиот извештај за среќа за 2023 година. Извештајот главно се заснова на тригодишни просечни бројки и ги разгледува факторите: квалитетот на животот, социјалната поддршка и личната слобода.
Главен извор на податоци за оваа листа беше Извештајот за среќа во светот, кој се базира на Светското истражување на „Галуп“. Луѓето што беа анкетирани го оценуваа својот живот на скала од 0 до 10.
Финска го зазеде првото место со 7.804 поени, со што стана најсреќната земја во светот. Зад неа се најдоа Данска (7.586 поени) и Исланд (7.530 поени).
На листата беа вклучени и балканските земји.
- Словенија е на 22. место со 6.655 поени;
- Србија е на 45. место со 6.144 поени, со напомена дека не се користени податоците за 2022 година;
- Хрватска е на 48. место со 6.125 поени;
- Црна Гора е на 67. место со 5.722 поени, со напомена дека не се користени податоците за 2022 година;
- Босна и Херцеговина е на 71. место со 5.633 поени, со напомена дека не се користени податоците за 2022 година;
- Македонија е на 87. место со 5.254 поени.
Финска и другите нордиски земји се високо оценети за факторите здрав животен век, ниска корупција, социјална поддршка, дарежливост на заедницата, БДП по глава на жител и лична слобода. Финска се истакна со голем број позитивни атрибути, вклучувајќи ефикасен, јавно финансиран здравствен систем, пониски нивоа на нееднаквост во приходите и сигурен и достапен систем за јавен транспорт.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik