За време на еден семинар, главниот говорник одеднаш одлучил да направи групна активност за 50-те учесници.
Секој учесник добил балон и секој требало да го напише своето име на него користејќи фломастер. Сите балони биле ставени во друга соба. Делегатите кои учествувале на семинарот биле пуштени во собата и добиле задача да го најдат балонот на кој го пишувало нивното име за рок од 5 минути. Секој го барал своето име и се туркал со тие околу себе и се создал општ хаос.
На крајот од рокот, никој не успеал да го најде својот балон. Сега, секој требало да одбере балон и да мѕ го даде балонот на личноста чие име било напишано на него.
За неколку минути, секој го добил својот балон.
Говорникот започнал: „Токму ова ни се случува во животите. Секој хаотично трча по среќата, без да знае каде е. Нашата среќа лежи во среќата на другите. Дадете им ја својата среќа и ќе ја добиете својата. Ова е целта на човековиот живот.“