X
 14.09.2015 Здравје

Чудни здравствени совети кои ги применуваат жителите на Австрија

Секој кој живеел во Австрија ќе знае дека Австријците имаат чудни и прекрасни „природни“ лекови за честите болести. Но, дали тие навистина помагаат или се еден куп „бабини деветини“?

 

zdravje


Здравјето и благосостојбата се важни за Австријците. Не само што тука е популарна спа културата, туку многу Австријци често пати повеќе се одлучуваат да искористат традиционални лекови од растенија кога се борат против настинка, кашлица или стомачни болки.

Честа е перцепцијата дека овие народни лекови се поздрави и побезбедни од лековите во аптеките. Многу лекови биле предадени од генерација на генерација, такашто лековите на оваа листа често пати се наоѓаат во кујната, а не на местото каде ги чувате лековите. Ова ја одразува идејата на Австријците дека здравјето започнува со храната што ја јадеме. Можеби има вистина во ова со оглед на тоа што просечниот животен век во Австрија е 81 година, во споредба со просекот во ЕУ кој е 79.

Ви ги нудиме најпознатите лекови од Австријците.

1. Гаргара со „Schnaps“ (пијалок сличен на ракија) за воспалено грло

 

1


Овој пијалок е доста силен кој во австрија често пати се пие заедно со овошје, односно му се додава овошје. Пијалокот е сличен на ракија и затоплува, што е идеален за на зима, а Австријците го користат и кога ќе имаат воспалено грло. Голем дел од нив практикуваат да се напијат една чаша наутро за задржување на добро здравје.

2. Ферментиран сок од зелка за здравје

„Sauerkraut“ е широко достапен сок во продавниците за здрава храна и во супермаркетите во Австрија. Сокот од зелката е доста здрав кој создава соединенија во дигестивниот тракт кои се анти-канцерогени и анти-воспалителни. Суровиот сок од зелката помага доколку имате чир на желудникот, додека киселината рефлукс помага за зајакнување на имунолошкиот систем. Се препорачува да се пие во мали количини, односно една мала чаша на ден.

3. Прегрнете дрво ако имате главоболка

 

2


Не сме сигурни дали науката стои позади ова тврдење, а звучи како нешто што би го препорачал стар хипи, меѓутоа постојат докази дека со самото тоа што сте покрај дрво, ви се зголемува чувството за благосостојба. Книгата наречена „Заслепени од науката“ од Метју Силверстон тврди дека дрвјата имаат корисен ефект врз менталните болести, а исто така може да помогне во намалувањето на главоболката.

4. Сеното помага при болка во зглобовите

Во алпските региони, овој популарен третман вклучува цврсто обвиткано сено кое е потопено во вода загреана најмалку 40 степени. Третманот треба да трае околу 20-тина минути, додека не започнете да потите. Луѓето сметаат дека на овој начин се намалува ревматизмот и болките, го зајакнува имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата и помага во губењето на тежина.

5. „Топфен“ - лек за сè

 

3


Топфенот претставува свеж млечен производ познат како „Quark“ во Германија. Таа е популарна состојка во австриските колачи и пудинзи, а исто така претставува популарен лек за сите видови на болести. Докторите препорачуваат да ја премачкате главата доколку ве чеша косата, а ако имате температура треба да ставите топфен на нозете и да ги завиткате во крпа.

6. Јогурт за смирување на изгорениците

Друг млечен производ кој се користи како лек е јогуртот, кој го користат (како и нас) за мачкење при изгореници од сонце. Не само што помага да се излади кожата, туку и помага при воспоставување на рамнотежа на pH и помага за побрзо заздравување.

7. Пелин чај за стомачни болки

Ова е доста познат чај во Австрија. Доколку сте настинати, тогаш дефинитивно треба да се напиете чај од пелина билка (која исто така се користи за правење на Абсинт). Чајот е добар за лекување на дигестивни проблеми, вклучувајќи гасови, надуеност, и варење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје