X
 02.01.2022 Култура

Зошто оваа улица од 180 метри се вози цели 20 минути?

Улицата „Ломбард“ во Сан Франциско е надалеку позната како улица со најмногу кривини. Се наоѓа во богатиот кварт Руско Брдо, помеѓу улицата „Хајд“ и „Левенворт“. Во должина од 180 метри, улицата има дури осум остри кривини, и тоа намерно.

Во 1922 година сопствениците на куќите одлучиле дека нивната улица е премногу стрмна и направиле план да направат серија од осум остри кривини за полесно да ја совладаат.

Планот бил да се намали природниот наклон на улицата за 27 отсто за да се овозможи побезбеден премин на возилата. Покрај тоа, биле направени кривини за да се заштитат случајните минувачи.

1
Фото: Wikipedia

Се работи за еднонасочна улица на која поминуваат 250 возила секој час, а на сите возачи им се препорачува да се движат со брзина од 8 километри на час. При сообраќаен метеж потребни се повеќе од дваесет минути за да се помине целата улица.

Улицата „Ломбард“ е огромна туристичка атракција која секоја година ја посетуваат околу 2 милиона луѓе, а во летните месеци на оваа улица во еден ден се фотографираат и до 17.000 луѓе.

2
Фото: Wikipedia

Интересно е што на оваа улица се сместени и некои од најскапите станови во Сан Франциско.

3
Фото: Wikipedia

На кој начин и да одберете да стигнете до неа, дефинитивно е една од најдобрите дестинации што мора да ги видите во Сан Франциско.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура